Новата сезона од Третата фудбалска лига – Југ ќе започне на 4. септември, одлучи натпреварувачката комисија. Во првото коло екипата на Превалец го пречекува минатогодишниот второлигаш Локомотива од Градско.
Покрај екипата на Превалец , во Третата лига – Југ ќе се натпреваруваат и минатогодишниот првак на лигата Вардар Неготино, потоа Бучин, Големо Коњари, Канатларци, Локомотива Градско, Марена, Младост, Обршани, Питу Гули, Росоман и Слога.
Содржината продолжува под рекламата
Фудбалскиот клуб Превалец минатата натпреварувачка сезона ја заврши на втората позиција зад Вардар Неготино, со постигнати 100 погодоци, а во своите редови го имаше најефикасниот стрелец во лигата, Пеце Стојанов со постигнати 29 погодоци.
Можеби ќе ве интересаира: