По повод верскиот празник Голема Богородица, фудбалскиот клуб Превалец организира традиционален турнир во голем фудбал за млади категории на фудбалери, екипи составени од играчи на 15-16 години (помлади пионери и пионери).
На турнирот покрај домаќинот Фудбалскиот клуб Превалец ќе настапат и ФК Борец Јуниор, ФК Тиквеш и ГФК Неготино. Покрај трофеј за најдобриот тим, ќе бидат доделени и нагаради за најдобар играч и голман.
Содржината продолжува под рекламата
Претходно на игралиштето во Превалец ќе се одигра натпревар помеѓу ветераните на ФК Превалец, а на теренот ќе се појават и фудбалери -петлиња од ФК Превалец.
Можеби ќе ве интересаира: