Фудбалскиот клуб Борец продолжува да тоне. Денес во рамките на второто коло од Втората фудбалска лига во Струмица беше декласирана од екипата на Беласица со високи 5:0 и го забележа вториот пораз во првенството.
Ненавремените подготовки, и турбуленциите во клубот си го зема данокот. Велешани на теренот изгледаа анемично, а само на моменти покажуваа дека имаат квалитет да се носат со противникот. По само две кола се поставува прашањето дали велешката гордост е кандидат за Трета лига.
Содржината продолжува под рекламата
Домаќинот беше доминантен во текот на целиот натпревар. До 30 минута веќе имаа сигурно водство од 3:0, а до крајот на натпреварот постигнаа уште два погодоци за конечни 5:0. Следното коло во Велес гостува екипата на Тетекс од Тетово.
Можеби ќе ве интересаира: