Поскапува огревното дрво

Ogrevno drvo

Управниот одбор на ЈП „Национални шуми“ го објави новиот ценовник за купување огревно дрво, откако Владата го прифати на минатонеделната седница. Цените се зголемени за 20 отсто во однос на претходните кои не беа  променети од 2009.

Zito akcija 640x289px

Цената на најскапото и најквалитетно дрво – дабот, се зголемува од 2.900 денари на 3.564 денари по кубен метар. Буката сега чини 3.444 денари, јаворот е 3.204, тополата е 3.084 денари по кубик.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Одлуката следува откако месецов Владата се реши за определување највисоката трговска маржа на 10 отсто како посебен услов во трговијата за: огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев. Истовремено, се забрани и извозот на овие производи.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: