Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе опадне за 5 до 7 степени и ќе се движи од 21 до 28 степени. УВ=4
Во сабота, како и во недела во поголем дел од денот ќе има стабилизирање на времето.
Во недела во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Moжеби ќе ве интересира: