Вчера започна новата фудбалска сезона во Третата лига Југ. Единствениот претставник од велешкиот регион екипата на Превалец со триумф од 1:0 над минатогодишниот второлигаш составот на Локомотива од Градско ја започна сезоната.
Натпреварот беше решен уште во првата минута од натпреварот. По едно нафрлување од Маневски во петерецот на гостите, најприсебен беше Гаштев кој биеше во небранетиот дел од голот на гостите.
Содржината продолжува под рекламата
Во втриот дел резултатот можеше да се промени, но домашниот голман Јовановски спаси неколку чисти шанси на гостите, додека домаќините беа непрецизни во неколку наврати. Во следното коло Превалец гостува кај екипата на Вардар Неготино, кој и оваа година важи за главен фаворит за влез во Втората лига.
Можеби ќе ве интересира: