Синиша Михајловиќ пред отказ од Болоња

sinisa mihajlovic
sinisa mihajlovic

Медиумите во Италија недвосмислено тврдат дека Болоња му подготвува отказ на Синиша Михајловиќ.

Тимот на Михајловиќ оствари три реми натпревари и два порази на почетокот од новата сезона, па српскиот стратег е на удар од тамошната јавност и расте притисокот околу него.

Agria

Познатиот новинар Николо Шира, објави дека сопствениците наклубот размислуваат за отказ на Михајловиќ, дека го губат трпението и надежта дека клубот ќе застане цврсто на средина од табелата.

Неофицијално веќе биле почнати и преговори со новите кандидати за заменици на Михајловиќ. Прв фаворит кој може да седне на клупата на Болоња е Паоло Соуза.

Истиот новинар тврди дека се споменуваат и имињата на Клаудио Раниери и Тијаго Мота.

По петте одиграни кола во италијанското калчо, екипата на Болоња се наоѓа на 16. место со освоени три бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: