Ослободителна пресуда доби актерката Силвија Стојановска, откако беше обвинета за шверц на кокаин.
-Обвинетата Силвија Стојановска, се ослободува од обвинение. Обвинителот не докажа дека сторила кривично дело, надвор од разумно сомневање. Мерките на претпазливост остануваат до правосилност на пресудата, кажа судијата Огнен Ставрев кој посочи дека пресудата не е правосилна.
Актерката во момент на возбуда го праша судијата: „Скроз сум ослободена?“, Ставрев одговори: „Па трипати Ви кажувам. Согласно челнот 403“.
Претходно Апелациониот суд донесе одлука да го врати на повторно судење предметот во кој актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор поради делото кое и се става на товар: шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.
Можеби ќе ве интересира: