Поранешниот репрезентативец и легенда на германскиот тим Франкфурт Александар Васоски и официјално се врати на чело на тимот на струмичка Академија Пандев. Како што е познато тој веќе еднаш беше на чело на овој тим, па замина во БИХ за да го води тимот на Сараево. Васоски сега се враќа во Струмица на местото на Ѓорѓе Стојчев. Тој пак си замина по поразот од Шкендија на домашен терен од 1:3.
Васоски доаѓа во момент кога тимот на Академија Пандев се мачи на резултатски план, а од друга страна има Европски амбиции. Затоа, пандевци уште на стартот на ПМФЛ сезоната направија смена на тренерското место, и се одлучија за веќе искусно име.
Васоски беше во комбинација за преземање на клупата на шампионот Шкупи, но и тој очигледно дека се реши за проверената варијанта.
Можеби ќе ве интересира: