Се судрија товарен и патнички воз во околината на Новска во Хрватска. Несреќата се случила околу 21:30 часот.
Според првите неофицијални информации, загинале машиновозач и кондуктер, јавува хрватски Индекс.
Повеќе информации засега нема, но хрватските медиуми наведуваат дека има голем број повредени луѓе.
Патничкиот воз поминал на црвено и удрил во товарниот.
На местото на несреќата се упатил премиерот Андреј Пленковиќ и голем број министри.
Повеќе и поопштирни инормации се очекуваат подоцна.
Можеби ќе ве интересира: