Горивата поевтинуваат за еден денар

benzini tocenje
benzini tocenje

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,25% во однос на одлуката од 5.09.2022 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,990 ден/кг и сега ќе изнесува 51,473 ден/кг.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од 13.9.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 87,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 97,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 93,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 51,473 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: