Селекторот повика 27 фудбалери за завршницата од Лигата на нации

Milevski selektor na MKD

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски за претстојните два натпревари од Лигата на нации на УЕФА повика 27 играчи.

Zito akcija 640x289px

Во комбинација за мечевите со Грузија и Бугарија нема да бидат Бобан Николов, Кире Ристевски и Давид Бабунски кои во моментов се без ангажман, а поради повреди ќе отсуствуваат Тихомир Костадинов и Ердон Даци.

Agria

По подолга пауза во националниот тим се враќа Љупче Дориев, а шанса да изборат место во составот добија Агон Елези и Игор Алексовски.

Во завршниот циклус натпревари во Лигата на нации, Македонија на 23 овој месец во Тбилиси и гостува на Грузија, а три дена подоцна во Скопје ја пречекуваме Бугарија.

СПИСОК НА ФУДБАЛЕРИ

ГОЛМАНИ:

Столе ДИМИТРИЕВСКИ (Рајо Ваљекано, Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ (Докса, Кипар), Кристијан НАУМОВСКИ (Шкупи), Игор АЛЕКСОВСКИ (Работнички);

ОДБРАНА:

Стефан РИСТОВСКИ (Динамо Загреб, Хрватска), Дарко ВЕЛКОВСКИ (Ал Етифак, Саудиска Арабија), Висар МУСЛИУ (Инглоштат, Германија), Езѓан АЛИОСКИ (Фенербахче, Турција), Тодор ТОДОРОВСКИ (Сумгаит, Азербејџан), Стефан АШКОВСКИ (Ламиа, Грција), Никола СЕРАФИМОВ (МОЛ Види, Унгарија), Ѓоко ЗАЈКОВ (Ворскла, Украина), Бојан ДИМОСКИ (Академија Пандев);

СРЕДЕН РЕД:

Елиф ЕЛМАС (Наполи, Италија), Енис БАРДИ (Трабзонспор, Турција), Аријан АДЕМИ (Динамо Загреб, Хрватска), Енис ФАЗЛАГИЌ (Дунајска Стреда, Словачка), Агон ЕЛЕЗИ (Вараждин, Хрватска), Јани АТАНАСОВ (Хајдук, Хрватска), Стефан СПИРОВСКИ (Пјуник, Ерменија);

НАПАД:

Милан РИСТОВСКИ (Спартак Трнава, Словачка), Бојан МИОВСКИ (Абердин, Шкотска), Дарко ЧУРЛИНОВ (Барнли, Англија), Александар ТРАЈКОВСКИ (Ал Фејха, Саудиска Арабија), Ваљон ЕТЕМИ (Истанбулспор, Турција), Дориан БАБУНСКИ (Дебрецин, Унгарија), Љупче ДОРИЕВ (Шкендија);

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: