Реклама

Втората кошаркарска лига стартува на 15 октомври, Борец Баскет го пречекува Баскет Кам

Borec Basket Basket Kam

Наредниот месец ќе стартува кошаркарското првенство во Втората кошаркарска конкуренција. Првото коло е предвидено да се одигра на 15 октомври. На првата седница пред почетокот на новата натпреварувачка сезона, претставниците на Здружението на Втора лига-мажи, го утврдија системот и календарот за натпреварување за сезоната 2022/2023.

Zito akcija 640x289px

Велешкиот претставник во Втората кошаркарска лига, екипата на Борец Баскет во првото коло ќе го пречека составот на Баскет Кам од Каменица. Во сезоната 2022/2023 тргнуваат 12. екипи, со цел да бидат меѓу првите две кои догодина ќе го имаат статусот на прволигаши.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во првиот дел ќе се игра според двокружен бод систем – ФИБА-БЕРГЕР, дваесет и две  кола. По принцип „секој со секого“, односно еднаш дома, еднаш на гости. Екипите од првото до осмото место играат плеј оф завршница, додека екипите пласирани на деветто и десетто место остануваат во Втората лига мажи за следната натпреварувачка сезона 2022/23 година. Двете последно пласирани екипи, во следната натпреварувачка сезона 2022/23 ќе се натпреваруваат во Трета лига мажи.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/32799/vremenska-prognoza-247/