Во периодот пред распадот на поранешна Југославија, и осамостојувањето на Македонија, Велес важеше за еден од најспортските градови во државата, со прволигашки екипи и спортисти кои постигнуваа значајни резултати во домашни и меѓународни натпреварувања.
Повозрасните љубители на спортот воопшто, неволно зборуваат за состојбите во велешкиот спорт. Велат, нема што да кажат, бидејќи спорт во Велес повеќе-нема. По тригодишно натпреварување во прволигашката конкуренција фудбалскиот клуб Борец се натпреварува во Втората фудбалска лига, а со резултатите се очекува и да се натпреварува во понизок ранг.
Содржината продолжува под рекламата
Еден од спортовите со кој Велес се гордееше беше ракометот. Денес ракометниот клуб Борец едвај врзува крај со крај, а се доведе во прашање и натпреварувањето во Првата ракометна лига оваа сезона. За подобри денови на велешкиот ракомет велешани ќе почекаат.
По згаснување на кошаркарскиот клуб Жито Вардар, Велес нема претставник во Првата кошаркарска лига. Борец Баскет е единсвениот претставник во кошарката од градот, но за да се натпреварува во елитата ќе му требаат дополнителни финансиски средства.
Единствени претставници од градот во прволигашките натпреварувања се женскиот фубалски клуб Борец, Одбојкарскиот клуб Борец и футсал клубот Кеги Моби. Одбојкарското и футсал првенството сеуште не се започнати, додека женската екипа на Борец во првите две кола доживеаја два тешки порази и се едни од кандидатите за преселба во понизок ранг.
Иако повеќепати беа преземени одредени зафати за санирање на спортската сала „Гемиџии“, нејзината состојба е далеку од потребното ниво, што е само една од причините за исчезнувањето на повеќе екипи кои им припаѓаа на таканаречените „мали“ спортови.
Можеби ќе ве интересира: