Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев стави крај на кариерата

Goran Pandev
Goran Pandev

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, дефинитивно му кажува збогум на активното играње на фудбал. Искусниот голгетер беше без клуб по истекот на ланската сезона што ја заврши како член на Парма, по што беше извесно дека ветеранот ќе му каже збогум на фудбалот.

Zito akcija 640x289px

Тој тоа официјално го обелодени во изјавата за италијанскиот весник „Газета дело спорт“, потенцирајќи дека во иднина ќе посвети повеќе време на семејството.

Agria

„По 20 години кариера, доста е со фудбал. Мојот син наполни 13 години и во целиот живот успевав малку почесто да го видам само во паузите меѓу две сезони. Сега дојде време да уживам со моето семејство. Веќе никако не ми влегуваше во глава дека ќе морам да одам на нови подготовки и знаев дека е доста. Ќе останам во фудбалот бидејќи друго и не знам да работам. Сè уште не знам што, но не сакам да бидам тренер. Можеби агент, спортски директор…“, изјави Пандев за „Газето дело спорт“.

Струмичанецот во кариерата на клупски план освои сè што можеше да се освои, со Интер стигна до „триплета“, што е секако еден од најголемите успеси, со Македонија играше на ЕУРО како врв во кариерата.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: