Продолжија возбудувањата во ракометната прва лига. Ракометарите на Борец оваа коло беше слободна, додека екипата на Бисинов загубија на гостувањето во Гостивар кај екипата на Јехона со резултат 34:28.
Велешани парираа петнаесетина минути и во неколку наврати беа во водство, но по нерешениот резултат од 8:8, домаќините со одлична серија од 6:0 се одлепија ја 14:8. Во вториот дел продолжи доминацијата на домашната екипа, додека гостите од Велес немааа никакво решение како да ги запре расположените домаќини и мораше да го прифати исходот од средбата.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај екипата на Бисинов беше Мартин Иванос со постигнати пет погодоци. Во следното коло Бисинов го пречекува составот на Шампион, а Борец ќе биде домаќин на екипата на Драчево.
Можеби ќе ве интересира: