Реклама

Кеги Моби го пречекува тимот на Енхалон

KMF Kegi Mobi 2022/23

Футсал клубот Кеги Моби утре со почеток во 19 часот во слата „Гемиџии“ ќе се соочи со струшки Енхалон во меч каде и двете екипи ќе бркаат први бодови и прво сезонско славје, откако и двете екипи запишаа порази во воведното коло од новата сезона.

Zito akcija 640x289px

„После првиот натпревар на домашен терен не чека уште еден не така лесен натпревар против екипата на КМФ Енхалон исто така на домашен терен, првиот натпревар заврши несреќно за нас со пресврт на гостите но тоа е веќе позади нас. Оваа недела истрениравме доволно и ги наместивме нишаните за следниот натпревар во сабота од 19 часот. Кадарот го консолидируваме полека полека, затоа што додатните обврски и здравствениот билтен не ни дозволува без проблем да направиме целосен собир и да нападнеме со сите сили. Јас лично сум задоволен од одиграното во Првото коло и прикажаното од нашата екипа, но ситници го одлучија тој натпревар кој го оставаме во минатото и се фокусираме на следното коло каде не не интересира ништо друго освен три бодови во новата сезона. Имаме целосно непознат противник во второто коло кој ни доаѓа од далеку, а во првото коло кикснаа против ланскиот шампион исто така на домашен терен. Сакам да им се заблагодарам на велешката подршка и публика во првото коло се надевам дека ќе имаме уште поголема подршка на утрешниот натпревар и на крај како јас заедно со моите соиграчи така и сите наши подржувачи и љубители на малиот фудбал во Велес ќе направиме победа“, изјави Петар Левков од Кеги Моби.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Натпреварот од Кеги Моби – Енхалон Струга започнува во 19 часот и можете да го следите на фан страната на batali.net или на јутуб каналот на нашиот сајт.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33006/megunaroden-turnir-vo-borene-sloboden-stil-liston-2022-naredniot-vikend-vo-veles/