„Одисеј“ во изведба на театарот од Пловдив, Гран при на 19 ИФАД Стоби 2022

Dobitnici na STOBI 2022

Жири-комисијата на 19-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2022“ едногласно донесе одлука, Гран при на фестивалот да се додели на претставата „Одисеј“ од Александар Секулов, според Хомер, во режија на Диана Добрева, продукција на Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“ Пловдив, Р. Бугарија.

Zito akcija 640x289px

Претставата „Одисеј“ демонстрира завидно единство помеѓу поетиката на драмскиот текст, амбициозниот концепт на режисерката, колективниот потенцијал на театарот, како и техничките и продукциските квалитети на истиот, притоа создавајќи целосно театарско доживување на античкиот мит, кое допира до гледачот на повеќе рамништа, стои во образложението на жири комисијата за наградата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Наградата за најдобра режија беше доделена на Диана Добрева за режијата на претставата „Одисеј“ од Александар Секулов, според Хомер, продукција на Драмскиот театар „Н. О. Масалитинов“, Пловдив, Р. Бугарија. Актерски награди ги добија Јелена Ѓукиќ како Клитемнестра и Ѓорѓе Татиќ како Агамемнон кои настапија во претставата „Ифигинеја“ копродукција на театрите од Колашин и Бијело Поље од Црна Гора.

Во чест на лауреатите, на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес во рамките на годинашниот 19-ти Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2022“ свој настап имаше Националната опера и балет, со изведбата на современата балетска претстава „Госпоѓиците од Авињон“, со музика на Калиопи, кореографија на Олга Панго, либрето на Сашо Димоски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: