Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната од 16 до 26 степени, информираа од УХМР.
Од вторник следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. До вторник ќе дува засилен, а потоа умерен северен ветер.
Можеби ќе ве интересира: