Двата ракометни претставника од Велес заковани на дното од табелата

Bisinov Tekstilec
Bisinov Tekstilec

Продолжуваат поразите на ракометните екипи од Велес. И по четири кола ракометарите на Борец и Бисинов се уште го немаат почувствувано вкусот на победата. Борец загуби од Партизан Гевгелија на домашен терен со 28:45, додека ракометарите на Бисинов се поразени на гостувањето во Свети Николе од екипата на Овче Поле со 29:27.

Zito akcija 640x289px

Во спортската сала „Гемиџии“, гостите од Гевгелија уште од стартот поведоа со 8:1, a на полувреме се замина со двоцифрена предност од 22:12. Во вториот дела гостите само ја зголемуваа предноста, за конечни 28:45. Најефикасен кај Борец беше Бојан Белевски со десет гола, додека кај гостите од Гевгелија, Горан Лисичков и Васил Зајков постигнаа по седум гола.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Екипата на Овче Поле пред својата публика ја забележа првата победа, откако во неизвесен натпревар го совлада Бисинов од Велес со 29:27. Во тимот на Бисинов се истакнаа Мартин Иванов и Александар Ристовски со седум гола, додека кај домаќините најефикасни беа Бојан Гичев и Димитрија Крстев со седум гола.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: