Кошаркарите на Борец Баскет со пораз го стартуваа првенството во Втората кошаркаска лига. На домашен терен беа поразени од екипата на Баскет кам со резултат 56:75.
Домашните кошаркари само во првата четвртина достојно се носеа со противникот добивајќи ја со 16-15. Потоа следуваше пад во играта па во втората четвртина постигнаа само седум поени и на полувреме се замина со предност од пет поени за гостите 23:28.
Содржината продолжува под рекламата
Во третата четвртина гостите се одлепија резултатски добивајќи ја со 13-26, и високи плус 18 пред завршните 10 минути. Последната четвртина Баскет Кам рутински ја одработи задржувајчи ја предноста за конечни 56:75.
Во наредното коло кошаркарите на Борец Баскет гостуваат во Скопје кај екипата на Водно Санс, која исто така забележа пораз во првото коло во Охрид.
Можеби ќе ве интересира: