Нова доминантна партија на избраниците на тренерот Димче Маневски. Во рамките на осмото коло од Третата фудбалска лига – Југ, Превалец го демолираше составот Обршани, и го испрати со девет гола во мрежата.
Гостите од прилепското село Обршани одолеваа на нападите се до 19 минута кога Александар Пановски ја начна мрежата. До крајот на полувремето тој постигна уште еден погодок, два пати стрелаше Кристијан Маневски, а минатогодишниот најдобар стрелец во лигата Пеце Стојанов постигна хет-трик.
Содржината продолжува под рекламата
Сигурното водство му овозможи на домаќинот да чува сили и да игра рутински. Јовев и Стевче Илиевски се надоврзаа на голеадата и го поставија конечниот резултат 9:0. Во наредното коло Превалец гостува во Крушево кај екипата на Питу Гули која се наоѓа на четвртата позиција со 19 бода.
Можеби ќе ве интересира: