Кошаркарите на Борец Баскет го забележаа и вториот пораз во првенството. Водно Санс Скопје беше многу подобар од велешки Борец Баскет и го совлада со резултат 95:72.
Домашниот состав беше поквалитетен на теренот, играше организирано и агресивно. Водно Санс уште на стартот од натпреварот резултатски се одлепи и константно ја одрживаше предноста која на полувреме изнесуваше високи 53:34.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел домашните континуирано ја зголемуваа својата предност за конечни 95:72. Во следното коло Борец Баскет ја пречекува екипата на Ангели, која има една победа и еден пораз во првенството. Целиот натпревар помеѓу екипите на Водно Санс и Борец Баскет може да го погледнете тука.
Можеби ќе ве интересира: