Комуналните служби од повеќе општини во Бугарија покажаа голем интерес за возилата за одржување комунална хигиена на Брако, изложени на саемот „Општинско Експо 2022“, кој се одржа во градот Албена.
БРАКО ги изложи двата најпродавани модели на Грин Машинс – електричните модели GM400ze и GM500ze, за кои присутните оценија дека се исклучително модерни и ефикасни возила за одржување на хигиена во урбани средини.
Содржината продолжува под рекламата
Покрај квалитетот, обезбедениот сервис и поволните цени, како важна предност пред другите понудувачи посетителите го сметаа и тоа што БРАКО го гарантира рокот на испорака на нарачаните возила, што во услови на актуелната криза е нешто што многу понудувачи не можат да го гарантираат од различни причини.
На „Општинското Експо 2022“ изложуваа 40-ина компании кои презентираа интегрирани и иновативни решенија во областа на јавните работи и урбаната инфраструктура, екологијата и енергетската ефикасност, комуникациите, размената на податоци и развој на софтверски решенија.
Можеби ќе ве интересира: