Велешкиот претставник во Првата футсал лига екипата на Кеги Моби вечерва гостува во Кавадрци кај екипата на Црна Река. Дуелот ќе се одигра во СЦ “Јасмин” Кавадарци со почеток од 17 часот.
Иван Николовски еден од младинците во екипата на КМФ Кеги Моби со се подобрите игри се повеќе се наметнува кај тренерот Панче Нанев за поголеме минутажа на теренот. Тој во изјава за Батали.нет рече дека очекува вечерва да го скрши мразот и да го постигне првиот гол во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
„Денеска играме против една од најстарите екипи во лигата, најискусните играчи во лигата кои наназад многу години играат во оваа Прва македонска футсал лига и си држат константна и знаат секоја сезона што сакаат. КМФ Црна Река е екипа која никогаш не е за потценување поготово кога натпреварот треба да се игра во Кавадарци. Екипа која има свој препознатлив стил на игра. Ние сме млада, јака борбена екипа која сака да победува секојнатпревар. Како на претходниот натпревар така и на овој ќе влеземе мотивирано со респект за противникот се додека судијата не означи почеток на натпреварот. Како одминува сезоната се повеќе се воигруваме, а како нова екипа годинава и сакаме да победуваме што е нормално“, изјави Ивановски.
Покрај натпреварот во Кавадарци, во ова коло ќе се сретнат и Арбен Бајрами – Железарец, Форца 2015 – Енхалон, Карадаки – Шкупи, Јувентус Серава – Проект.
Можеби ќе ве интересира: