Кеги Моби со 2:6 го доби дуелот во Кавадарци со екипата на Црна Река во воведниот меч од петото коло од Првата футсал лига на Македонија. За велешани Кирил Ивановски стрелаше два пати, а по еден гол постигнаа Петар Левков, Иван Николовски, Филип Крстевски и Иван Стојчев.
Иако важеше за фаворит на овој натпревар, домашниот тим на Црна Река потклекна пред забревтаните гости. Поведоа велеашни во четвртата минута, по одлично изведен слободен удар. Домашните веќе во следниот напад изедначија, но до крајот на првиот дел Кеги Моби беше тој што ја имаше предноста од 1:3.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел домашниот тим стави се на една карта па играше во поле со пет играчи. Велешани тоа го искористија и преку контранапади ја полнеа мрежата на Црна Река за конечни 2:6. Во следното коло Кеги Моби го пречекува тимот на КМФ Карадаку.
Можеби ќе ве интересира: