Премиера на претставата „Инферно“ во велешкиот театар

Pretstava Inferno
ФОТО: Данчо Стефков

Во Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, вчера премиерно беше изведена претставата „Инферно“ во режија на Дејан Пројковски, работена според делото „Пеколот“ на Данте Алигиери.

Zito akcija 640x289px

„Пеколот“ од Данте Алигиери е еден од најфасцинантните текстови во историјата на светската книжевност. За потребите на претставата е преведен во моќни и густи слики што комуницирајќи со контекстот, создаваат претстава во која супериорниот актерски и технички потенцијал на големата сцена на Велешкиот театар е максимално искористен. Дантевиот изворник, чии метафори зборуваат за слоевите на распадот на европската цивилизација, во претставата беше толкуван преку контекстуализација на густите места и нивна транскрипција во оригинални сценски слики.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во претставата играат: Васил Зафирчев, Исидор Јовановски, Кети Борисовска, Зорица П. Панчиќ, Маја Љутков, Симона Димковска, Марија Баркова, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов, Жарко Спасовски, Фаик Мефаилоски, Кристијан Саздовски.

Како кореограф се јавува Олга Панго, Валентин Светозарев како сценограф, Раде Василев како костимограф и Горан Трајкоски и Сашко Костов како автори на музиката, фотографијата е на Данчо Стефков.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: