Питу Гули ја прекина победничката серија на Превалец

Pitu Guli Prevalec

Фудбалерите на Питу Гули од Крушево му го нанесоа вториот пораз на составот на Превалец со резултат 2:0, полувреме 0:0, и со тоа ја прекина победничката серија на гостите.

Zito akcija 640x289px

Домаќините бодовите ги освоија со головите на Беким Алимоски и Благојче Митрески, но гостите од велешката населба Превалец реагираат на лошата арбитража на главниот судија Атанас Таневски од Кавадарци.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Иако го изгубивме натпреварот, одигравме многу добро и борбено. Резултатот не е реален одраз на денешниот натпревар. Клучен момент на натпреварот е црвениот картон во 60 минута на Петровски по што останавме со играч помалку во терен, а тоа го искористија домашните. Лесно и според нас неоправдано доделен втор жолт картон (црвен) од страна на главниот судија кој момент го реши натпреварот“, изјави по натпреварот Димче Маневски тренер на ФК Превалец.

По ова девето коло Питу Гули го престигна Превалец на табелата, кој останува со 19 освоени бода по девет одиграни кола. Во следното претпоследно коло од есенскиот дел на Третата фудбалска лига Југ, фудбалерите на Превалец ќе го пречекаат составот на Росоман.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: