Директорот на протоколот на МНР си поднел оставка за грешката со словенечкото знаме

ministerstvo za nadvoresni raboti MNR
ministerstvo za nadvoresni raboti MNR

Одговорното лице за протокол во Министерството за надворешни работи си поднело оставка по поставувањето на словачкото наместо словенечкото знаме.

Ова го потврди синоќа инистерот за надворешни работи Бујар Османи во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Agria

– Тоа беше едно од десетте знамиња и кога имате интензивна агенда се прават грешки. Директорот на протоколот поднесе оставка иако немаше никаква директна одговорност која ја прифатив. Тоа се други луѓе, а поради морална одговорност поднесе оставка, а работеше една година, рече Османи во емисијата.

Словенечката министерка за надворешни работи Тања Фајон на 18 октомври во кабинетот на колегата Османи во Скопје беше пречекана со највиски почести, но за жал и со една фалинка, а тоа е згрешено знаменце од нејзината држава. 

На масата меѓу двајцата министри се вееја словачкото и македонското знаме.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: