Боки 13 задржан во болница, нагло влошена неговата здравствена состојба

Боки 13
Боки 13

Бојан Јовановски – Боки 13 итно задржан на болничко лекување. Состојбата на Боки 13 се влошила поради тоа што затвореникот во „Идризово“ не добивал терапија и третман за лекување, а требало да ја овозможи домскиот доктор Јулијана Ангелова. Ова е нотирано и во извештајот.Добивај вести на вибер

Zito akcija 640x289px

„За жал, се остварија нашите стравувања по однос на влошувањето на здравствената состојба на Бојан Јовановски поради немање елементарни услови за примена на строг и задолжителен здравствен третман во затворската установа. Тој е денеска задржан во болница по извршениот контролен преглед. Причина за неговото задржување во хируршката клиника е влошување на здравствената состојба до степен на опасност од прокрварување од варикозните вени. Поради сериозноста на состојбата надлежните лекари специјалисти од областа донесоа одлука пациентот да биде итно задржан на болничко лекување“, вели адвокатот Туфегџиќ.

Agria

Состојбата на Боки 13 е животозагрозувачка, тврди адвокатот врз основа на болничките извештаи, од кои дел се потпишани и од цели колегиуми на болниците. Таков е последниот од направена гастроскопија, каде од еден, нотирани се четири нови улкуси.

„На овие факти, животозагрозувачкиот карактер на болеста и опасноста од отстранување на желудникот, влошување на здравствената состојба на Бојан Јовановски, во текот на постапката за прекин на издржување на казната затвор пред кривичниот суд, укажувавме постојано со медицинските извештаи од лекари специјалисти, конзилијарно мислење и медицинско мислење од стручен колегиум на хирушката клиника. За жал, судот подари верба на медицинскиот наод и мислење на домскиот лекар од КПУ Идризово во кој ваквите факти се квалификувани како хипотетички претпоставки“, додава адвоктот Туфегџиќ.

Боки 13 поднел и поплака и претставка против домскиот доктор Јулијана Ангелова, бидејќи смета дека иако однапред се знаело дека во установата нема услови за негово лекување, таа го тврдела спротивното.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: