Од ноќеска на полноќ бензинот еуросупер 95 поскапува за два денари, а неговата нова цена ќе изнесува 92,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Цените на другите горива, пак, денеска нема да се менуваат.
ЕУРОСУПЕР БС-98 и понатаму ќе се продава за 94,5 денари за литар, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 99, Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 93 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 50,067 денари за килограм.
Содржината продолжува под рекламата
Со денешната одлука, Регулаторната комисија соопшти дека се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 отсто.
Можеби ќе ве интересира: