Времето денеска се очекува да биде променливо облачно, по котлините со појава на магла или ниска облачност. Утринските температури во цела Македонија се над нулата.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, претежно во северните делови. Во попладневните и вечерните часови ќе дува умерен, а на места долж Повардарието засилен ветер од јужен правец.
Во Македонија максималните температури ќе се движат од 10 степени на северозападот, до 17 степени на југоистокот на земјава.
Можеби ќе ве интересира: