Реклама

Почуствуван земјотрес во југозападниот дел на земјава

Земјотрес со интензитет од три степени по Рихтеровата скала е регистриран ноќеска 43 минути по полноќ на 71 километар југозападно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Zito akcija 640x289px

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, ноќта на 20.04.2020 година во 00 часот и 43 минути, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 71 километар југозападно од Скопје во Ростушe, а потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.

Agria

Земјотресот беше почувствуван од населението во југозападните делови со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, наведува Сеизмолошката опсерваторија.