На последните два натпревари во Првата македонска футсал лига екипата на Кеги Моби освои четири бода и се најде на четвртата позиција на табелата со освоени 13 бода. Следуваат два тешки дуели со аспиранти за титулата во Првата македонска футсал лига, екипите на КМФ Проект и КМФ Шкупи.
Првиот натпревар е проти екипата од Валандово, КМФ Проект , а тренерот на Кеги Моби, Панче Нанев смета дека тимот ќе го даде максимумот на утрешниот натпревар и се надева на позитивен резултат.
Содржината продолжува под рекламата
„Следат два тешки натпревари за нас со екипи кои пред некој ден ги измерија силите, КМФ Проект и КМФ Шкупи и победата му припадна на домаќинот. Следно коло на наш терен гостува КМФ Проект од Валандово добро позната екипа за нас поради тоа што имаме одиграно две пријателски во подготвителниот период и костурот на таа екипа потекнува токму од Велес каде што е КМФ Кеги Моби. Неделава работиме со повисок интензитет оти не чекаат два натпревари со поспремни екипи физички за да можеме целосно да го понесеме товарот во цели 40 минути“ изјави Панче Нанев тренер на Кеги Моби.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Гемиџии“ со почеток од 18 часот. Натпреварот ќе може да го следите и во живо на фејсбук страната на Кеги Моби и Батали.нет, како и на јутуб каналот на Батали нет.
Можеби ќе ве интересира: