Кошаркарите на Борец Баскет дури во шестото коло се израдуваа на првата победа во Втората кошаркарска лига. Во натпревар на две екипи кои немаа победа во досегашниот дел од првенството, велешани беа подобри од стружани ги демолираа на домашен терен со резултат 100:64.
Во сите четири периода, Борец Баскет беше подобар ривал на теренот и заслужено дојде до првата победа во првенството. Велешани сега има скор 1-5 и се наоѓа на претпоследното место во второлигашкато друштво.
Содржината продолжува под рекламата
Во следното коло Борец Баскет гостува во Скопје кај вториот тим на Работнички кој се наоѓа на седмата позиција со скор три победи и три порази.
Можеби ќе ве интересира: