Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар, а цената на дизелот се намалува за три денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,82 отсто.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за три денари за литар и ќе изнесува 88,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 1,5 денари за литар и ќе чини 90,5 денари. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за три денари за литар и сега ќе се продава за 90 денари, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 85,5 денари за литар.
Содржината продолжува под рекламата
По полноќ максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин Еуросупер БС – 95 88,50 (денари/литар), Моторен бензин Еуросупер БС – 98 90,50 (денари/литар), Дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 90,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 44,524 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: