Обвинение за насилство против напаѓачот кое ја нападна новинарска екипата на ТВ 24, се бара продолжување на куќниот притвор

napagac na Ljubisa Ignatov

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Zito akcija 640x289px

Обвинетиот 67-годишник, на 14 ноември, со грубо навредување и со грубо насилство ја загрозил сигурноста на телевизиска екипа која снимала прилог во близина на неговиот дом.

Agria

Тој најпрвин вербално, а потоа и физички го нападнал снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му телесна повреда  – набиеница. Кај присутните сведоци на настанот – новинар и возач на телевизиската екипа, обвинетиот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со обвинителниот предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои таа првично му беше определена.

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода М.П. (67) од Скопје, постапувајќи по пријава од снимателот во телевизија 24 Љубиша Игнатов, кој вчера беше физички нападнат од него околу 14.20 часот на ул. Пржино во Скопје.

Moжеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34284/foto-vest-soobrakajna-nezgoda-vo-veles-avtomobil-vleta-vo-dvorot-na-uchilishteto-kole-nedelkovski/