Белград и Приштина постигнаа договор околу регистарските таблици

kosovo tablici
kosovo tablici

Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистарските таблички, потврди високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави досписникот на МИА од Белград

Zito akcija 640x289px

„Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив“, напиша доцна синоќа Борел на Твитер.

Agria

„Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарнсот на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа“, додаде Борел.

Претходно, специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изрази надеж дека во Брисел ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово.

Тој во Брисел се сретна со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими.

„Искрено се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме решение за деескалација на тензиите и да продолжиме да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек“, напиша Лајчак на Твитер.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: