Индустриското производство во периодот јануари – октомври 2022 година е зголемено за 0,3 отсто во однос на истиот период лани, додека во октомври 2022 година во однос на октомври 2021 година бележи намалување за 5,3 проценти, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен во октомври 2022 година во однос на октомври 2021 година, бележи опаѓање од 13,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 4, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 9,2 процента.
Според ДЗС, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали и Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2022 година во однос на октомври 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 4,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3 отсто, додека бележи пораст кај Капитални производи за 10,7 и Трајни производи за широка потрошувачка за 5 проценти.
Можеби ќе ве интересира: