18 годишен ученик физички бил малтретиран од тројца негови врсници во со кои заедно престојувал во соба во ученички дом во Велес информират од МВР.
„На 01.12.2022 во 08.00 часот во СВР Велес, 18-годишник сместен во ученички дом во Велес пријавил дека на 30.11.2022 околу 23.10 часот, тројца негови врсници, исто така сместени во домот, физички го малтретирале во собата во која престојувале“, соопшти МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Од таму додаваат дека е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: