Денеска околу 07 часот во Полициска станица Кавадарци било пријавено дека на електронска адреса на пет училишта (две средни и три основни) во Кавадарци е упатена закана за поставена експлозивна нaправа.
Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајите.
Содржината продолжува под рекламата
Информацијата за заканите со бомби ја потврди градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев кој ги наведе и училиштата каде преку е-меил се добиени заканите, и додаде дека освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште.
Можеби ќе ве интересира: