28-годишен велешанец физички ја нападнал својата поранешна вообрачна партнерка во нејзиниот дом, а со тоа ја прекршил судската забрана за приближување до нејзиното живеалиште.
На 07.12.2022 вo 04.00 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода П.Н.(28) од Велес. Тој, во 01.00 часот, не почитувал судска забрана за приближување до живеалиштето на неговата поранешна вонбрачна партнерка и дошол во нејзиниот дом, а по кратка расправија физички ја нападнал.
Содржината продолжува под рекламата
П.Н. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: