Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје и НБРМ, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
Содржината продолжува под рекламата
Денешната закана за бомба во Народната банка се случува по првпат во една државна установа. Првите лажни дојави се појавија на 26-ти октомври кога во посета на земјава беше шефицата на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен.
Можеби ќе ве интересира: