Денеска ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд повремено со пороен интензитет. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните и крајните источни делови, а на југоистокот ќе има и услови за појава на грмежи проследени со повремено пороен дожд и засилен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Од ноќеска од север ќе настапи заладување што ќе услови позначително спуштање на температурите. Врнежите утре и краткотрајно и во вторник на планините ќе бидат од снег, а понекаде и особено во северните делови ќе има услови за појава на снег понекаде во пониски места.
Можеби ќе ве интересира: