Ова е мерцедесот на велешанецот Ангелче Николов со кој пред два дена е усмртена 11 годишната Магдалена, а тешко повредена нејзината мајка. Автомобилот стигна во полициска станица истиот ден кога и неговиот сопственик, осомничен дека го возел и ја преизвикал несреќата е уапсен. Тој два дена се криеше од полицијата. Утрово е лоциран во населбата Превалец близу Велес, каде што живее, и е приведен.
“ Денеска (19.12.2022) во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Батали.нет дознава дека 29-годишниот Николов признал дека тој го возел автомобилот, дека бил под дејство на алкохол и дека се исплашил од несреќата, па затоа побегнал. Откако ќе биде однесен во обвинителстото, ќе се знае дали ќе добие притвор. Но, тој не бил сам во автомобилот. Со него биле уште тројца пријатели, со кои претходно бил во кафеана.
Откако ги удрил мајката и детето, Николов прво ги оставил пријателите, а потоа побегнал. Полицијата ги идентификувала според заедничка фотографија, која Ангелче вечерта, непосредно пред несреќата, ја објавил на Фејсбук. Тие вчера се повикани на распит во полиција. Сега обвинителството треба да реши дали и против нив ќе покрене постапка за прикривање на кривично дело, бидјќи никој од нив не се јавил да ја пријави несреќата.
Полициски извори коментираат дека ако на местото на несреќата не ја нашле регистарската табличка, воопшто немало да знаат кој е сторителот. Во меѓувреме, велешани се собираат на местото на несреќата и оставаат пораки со последни поздрави за загинатото девојче, кое го загуби животот пред очите на нејзините родители. Мајката е тешко повредена, но е надвор од животна опасност. Таткото на девојчето за малку избегнал да биде удрен, откако бил само еден чекор пред совјата сопруга и ќерка.
Од велешката болница потврдија дека по несреќата, од големиот шок и вознемиреност, и нему на неколку пати му била пружена медицинска помош. Малата Магдалена, која во саботата вечер загина на пешачки премин, беше ќерка единица на нејзините родители.
Можеби ќе ве интересира: