18-годишно момче од Велес е човекот кој денеска со комби удри и повреди 48-годишна жена ај црквата Свети Спас и побегна, а полицијата успеа да го фати. Несреќата се случи на погребот на 11-годишната Магдалена, која во саботата загина откако во неа удри мерцедес, управуван од 20-годишниот Ангелче Николов. Батали.нет дознава дека повредена е една од наставничките во училиштето Васил Главинов, која пристутстувала на погребот на малото девојче. Од полицијата го потврдија инцидентот.
„Денеска околу 14.40 часот на ул. Прохор Пчињски во Велес ПМВ марка Форд со струмички регистарски ознаки управувано од М.Ј (18) од Велес удрило во В.Н (48) од Велес. По незгодата возачот на комбето се дал во бегство, но набрзо бил пронајден од страна на полициски службеници од СВР Велес. Во незгодата со телесни повреди се здобила В.Н., констатирани во ЈЗУ ОБ Велес. Увид извршила увидна екипа од СВР Велес“, рече Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Според очевидци, возачот ја удрил и ја приклештил жената на ѕид, враќајќи го комбито наназад. Интервенирала итната медицинска помош, а 48-годишната жена е веднаш префрлане во велешката болница.
„Извршен е лекарски преглед и направена е рентгенска снимка, од што хирурзите констатираа дека пациентката се здобила со повеќе нагмеченици на меки делови од телото. Таа нема скршеници, но лекарскито тим одслучи пациентката да ја задржи на болничко лекување и опсервирање во следните 24 часа“, рече д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа болница Велес.
Во саботата, на 17 декември, на улицата „Борис Трајковски“ во Велес, преминувајќи на обележан пешачки премин, малата Магдалена и нејзината мајка беа удрени од возило „мерцедес“, управувано од 29-годишниот Ангелче Николов, кој возел со голема брзина и под дејство на алкохол, а потоа побегнал од местото на несреќата. Од силниот удар, девојчето почина, а нејзината мајка беше тешко повредена. Откако два дена беше недостапен за органите на прогонот, полицијата вчера го уапси. Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор, а обвинителството ќе го гони за две кривични дела, за тоа што предизвика сообраќајна несреќа со смртни последици и зато што побегна од местото на несреќата.
Можеби ќе ве интересира: