„Естетика на стрипот“, нова книга на д-р Бошко Караџов

estetika na stripot Bosko Kardjov

Деновиве, излезе од печат најновата книга на д-р Бошко Караџов со наслов „Естетика на
стрипот“. Книгата е збирка на огледи од областа на филозофијата и стрип-уметноста. Истата е
поделена во три целини.

Zito akcija 640x289px

Во првиот дел со наслов „Онтологија на деветтата уметност“ се говори за одделната естетичка природа на графичкиот роман и за обрасците на создавањето дигитални (с)ликовни раскази во рамките на концептот за бесконечното платно.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел со наслов „Историја на стрипот“ е претставена повеста на (с)ликовното приповедање од праисториските почетоци во пештерското сликарство, па преку средновековните графички раскази, па сѐ до воспоставувањето на модерниот  стрип-формат во XIX век.

И во завршното поглавје, со наслов „Идеологија и стрип-кулура“ се говори за анти-стрипската книга „Seduction of the Innocent“, за појавата на underground стрип-сцената, како и за македонските стрипови од едицијата Никогаш роб.

„Естетика на стрипот“ е четврта книга на д-р Бошко Караџов. Истата, со поддршка на Министерството за култура, е издание на издавачката куќа „Стрип-квадрат“ и наскоро ќе биде достапна низ книжарниците во Скопје и Велес.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: