54 годишен жител на село Горно Јаболчиште е приведен откако при преглед на неговото возило било пронајдено оружје за кое немал соодветна дозвола.
„На 05.01.2023 во 17.05 часот во атар на с.Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициското одделение Чашка го лишиле од слобода И.З.(54) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка. При преглед во неговото патничко возило „фолксваген шаран“ со велешки регистарски ознаки и кај него, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Suhl“ и осум куршуми калибар 16 мм, кои ги поседувал без дозвола“, информираат од МВР.
Содржината продолжува по рекламите:
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: