Временска прогноза

Veles dekemvri malo movce

Денеска претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Zito akcija 640x289px

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Agria

До крајот на работната седмица ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег каде што ќе се формира нова снежна покривка.

Наместа врнежите ќе бидат со пообилен карактер (над 20 л/м2), особено утре во текот на ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Можеби ќќе ве интересира:

https://batali.net/35360/eksplozija-na-grip-kovid-ili-drugi-virusi/