Силна осуда за обидот за палењето на Библијата

zapalena-biblija

Видео на кое верник на МПЦ-ОА, во присуство на деца пали Библија оти била од неправославен автор, осамна на социјалните мрежи. Видеото е направено за време на Божиќните празници.

Zito akcija 640x289px

Иако овие Библии наменети за млади се рецензирани од професори од Богословскиот Факултет, на видеото, кое е прикачено како коментар на објава на извесен Кире Писмановски, се повикува да се фрлат или запалат ваквите Библии, а како нaслов на видеото пишува „Православие или смрт“. За Владиката Тимотеј чинот, кој го нарече ирационален зилотизам, е за секоја осуда.

Содржината продолжува по рекламите:

Agria

Библијата е донација од протестантската Источно европска мисија и тоа по барање на МПЦ-ОА, за што се испратени 250 илјади примероци, објаснува пасторот на Евангелската црква Филип Иванов. На неа е потпишан и дал благослов и поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и е издадена од Македонското библиско здружение во кое членуваат сите цркви, вели пасоторот.

Осуда на чинот на палење на Библијата стигна и од Комисијата за односи со верските заедници.

„Сметаме дека се работи за изолиран случај кој отвара два аспекти кои водат до заклучок, едниот за нарушената здравствената состојба на затворениот ум, а другиот за дискутабилното постоење на свесност дека со палење на Свети книги, извршителот може да се доведе до исполнување на битието на кривичното дело предизвикување на верска  омраза, раздор и нетрпеливост, кое е строго казниво согласно Закон.“

На потег е обвинителството, кое треба да реши дали ќе покрене истрага за ширење на верска омраза.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: